Сигурност и поддршка од Herbalife

Сè уште не сте сигурни дека е Herbalife за вас?
Одлуката да се почне свој бизнис може да изгледа како крупен чекор, па затоа ние во Herbalife ја даваме целата можна поддршка. По повеќе од 30 години регрутирање и поддршка на Членовите, знаеме дека уште од првиот ден ќе ви биде потребна сигурност и помош.


  • Мали почетни трошоци:
    Почнувањето сопствен бизнис со Herbalife може да ве чини помалку отколку што си мислите. Со мал почетен трошок, може да почнете со докажан Стартен пакет и така веднаш да почнете подобро да се чувствувате и да бидете поздрави.
  • Вие одлучувате колку време: 
  • Друга предност на деловната можност на Herbalife е флексибилноста. Можете да го вклопите во својот живот, а не вие да му се прилагодувате. Работете го ова хонорарно за малку дополнителен приход секој месец, а ако ја имате потребната самоувереност и време, работете со полно работно време и Herbalife нека ви стане секојдневие.
  • Искористете ја богатата база на знаење на Herbalife:
    Сметате дека не знаете доволно за исхрана и за продажба? Herbalife ви нуди поддршка на секој чекор од вашето напредување; од ресурси и алатки за обука до настани на локално, државно и глобално ниво што ќе ви дадат мотивација и ќе ве охрабрат. Учете и растете од оние што веќе го постигнале тоа и потоа развивајте свои лични вештини во поврзување со луѓето преку друштвени настани. Освен тоа, вашиот личен Herbalife советник ви стои на располагање секогаш кога ви треба; ви дава поддршка за вашиот развој во делот на исхраната и во делот на бизнисот.

За повеќе информации како да станете Член на Herbalife, пополнете го нашиот формулар за контакт.  

Правна изјава – кога разгледувате или споредувате деловни можности, имајте на ум дека во ниеден модел на трговија не е недозволено промотор или учесник во тој модел да убедува некого да изврши уплата на тој начин што ќе му ветува дека ќе има корист од тоа што ќе приклучи други луѓе во тој модел. Не дозволувајте да ве залажуваат тврдења дека е лесно да се остваруваат големи заработки. 


Herbalife Distributor Support, helping you every step of the way
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 18.11.2017 22:24:21 | NAMP2HLASPX01