The Gold Standard

Гаранции за Златен стандард

НИСКИ ПОЧЕТНИ ТРОШОЦИ
Од клиентот не се бара минимална набавка, а трошокот за Пакетот за Членство во Herbalife е мал.

Не сте условени да купите продажни или бизнис алатки ни за да го стартувате своето Herbalife Членство, ни за да остварите успех.
 
ГАРАНЦИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПАРИТЕ
Ако од некоја причина се откаже Членството, рокот за враќање на парите за Пакетот за Членство во Herbalife изнесува 90 дена.

Ако од некоја причина се откаже Членството, има гаранција за враќање на парите за непродадени производи набавени во претходните 12 месеци.
 
НАВРЕМЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕЛОВНАТА МОЖНОСТ
На потенцијалните Членови им даваме јасни, точни и навремени информации во врска со потенцијалниот приход.
ПИСМЕНА ПОТВРДА
Од секој нов Член, пред да го прифатиме неговиот Договор за членство, бараме да ни потврди во писмена форма дека му се познати сите овие Гаранции од Златниот стандард.
 
ПРЕЦИЗНИ УПАТСТВА ЗА ТВРДЕЊАТА ЗА ПРОИЗВОДИТЕ И ЗА ДЕЛОВНАТА МОЖНОСТ
На декларацијата на секој производ јасно ги дефинираме корисните ефекти од тој производ со цел клиентот да го користи соодветниот производ на правилен начин за да добие најдобри резултати.

Одобрени тврдења и информации за производите може да се најдат и во Брошурата за производи во Пакетот за Членство во Herbalife, во друга официјална литература и на MyHerbalife.com.

Ве информираме што е реално да очекувате од деловната можност и колку труд треба да вложите за да успеете на секое ниво.
Herbalife и нашите Членови се посветени на највисоките стандарди на етичко однесување. Ако дознаете за какви било неодобрени тврдења во врска со производите на Herbalife, тврдења за можноста за заработка што не се во согласност со официјално објавените податоци од страна на Herbalife или друг вид сомнително однесување од страна на некој Член, исконтактирајте го Одделот за Дистрибутери на +385 1 3820 184.

Со заедничка соработка ќе бидеме сигурни дека Herbalife го применува Златниот стандард во заштита на клиентите.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 22.09.2017 08:02:11 | NAMP2HLASPX01